Слабите економски податоци ги притиснаа европските берзи

Европските берзи се најдоа под притисок во четвртокот од податоците кои покажуваат дека рецесијата во еврозоната е подлабока од што се очекуваше, а загриженост предизвика и сигналот на Европската централна банка дека не е расположена да интервенира за ограничување на растот на еврото.Лондонски FTSЕ ослабна за 0,56 отсто, на 6.323 поени, за исто толку се намали и париски CAC, на 3.677 поени, додека франкфуртскиот DAX беше во минус од 0,89 отсто, на 7.643 поени.Економијата на еврозоната забележа во четвртиот квартал пад од 0,6 отсто, што ја пригуши довербата на инвеститорите во способноста на регионот да закрепне годинава.Со оглед на слабата домашна побарувачка, европските компании настојуваат да заработат во странство, но таквите настојувања им ги отежнува силното евро. Сепак, очекувањата од итнервенција на  ЕЦБ ги пригуши нејзиниот потпретседател Витор Констансио со изјавата дека валутните курсови треба да се одредуваат на пазарот.„Ова во основа претставува порака дека ЕЦБ и натаму не е подготвено со манипулации да го слабее еврото, што наведува на заклучок дека економските податоци ќе продолжат да се влошуваат“, смета Мајкл Хјусон, аналитичар од компанијата CMC Markets.Акцијата на Nestle беше меѓу најголемите губитници, ослабувајќи за 2,5 отсто, откако овој прехранбен гигант предупреди дека и оваа година ќе биде предизвикувачка.Меѓу деловните извештаи имаше и позитивно интонирани, па така холандската компанија за посредување при вработување Randstat и шведскиот гигант ABB пораснаа за речиси пет отсто, надминувајќи ги очекувањата на аналитичарите.Француската групација Pernod оствари солиден раст во САД, што поттикна раст на нејзината акција за 1,8 отсто. Францускиот производител на автомобили Renault ја зголеми продажбата благодарение на зголемената побарувачка надвор од Европа, што ја крена акцијата на компанијата за 6,7 отсто.
МакфаксЕвропските берзи се најдоа под притисок во четвртокот од податоците кои покажуваат дека рецесијата во еврозоната е подлабока од што се очекув

Пронајдете не на следниве мрежи: