Слабоста на еврозоната го притисна Волстрит

Цените на акциите на Волстрит во четвртокот паднаа втор ден по ред откако најновите податоци ги спласнаа надежите на инвеститорите дека економијата на еврозоната ќе излезе од рецесија на почетокот на годината.

Индексот Dow Jones ослабна за 0,34 отсто, на 13.880 поени, индексот S&P 500 потона за 0,63 отсто, на 1.501 поени, додека индексот Nasdaq беше во минус за 1,04 проценти, на 3.131 поен.  Падот на цената на акциите втор ден по ред е последица на загриженоста на инвеститорите поради натамошното слабеење на економијата на еврозоната, откако истражувачката компанија Markit извести дека индексот на менаџерите за набавка (PMI) за производствениот и услужниот сектор во февруари паднал од 48,6, на 47,3 поени.Тоа покажува дека активноста во приватниот сектор на 17-члената еврозона дополнително ослабна и дека кризата се продлабочува, иако инвеститорите се надеваа дека еврозоната на почетокот на годината ќе излезе од рецесија.Ниту податоците од американската економија не влеваат сигурност. Бројот на новите барања за помош на невработените се зголеми минатата недела повеќе од очекуваното, додека подружницата на Фед во Филаделфија извести дека деловните активности во централниот дел на САД во февруари паднале на најниско ниво за осум месеци.Несигурноста на инвеститорите е поголемо затоа што деновиве започнува расправата помеѓу републиканците и демократите за намалување на буџетските расходи.
Макфакс
Цените на акциите на Волстрит во четвртокот паднаа втор ден по ред откако најновите податоци г

Пронајдете не на следниве мрежи: