недела, 29 ноември 2026
Најново

Славески: Инфлацијата во земјата ќе се намали оваа година

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, најавува дека инфлацијата во Македонија ќе се намали на 2,5% оваа година, а потоа постепено ќе се врати на историскиот просек од околу 2%.

Додека Народната банка очекува стабилизација на цените, Државниот завод за статистика во својот последен извештај за декември 2025 година покажува дека трошоците за живот се зголемиле за 4,1% во рок од една година.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Според Славески, домашната економија досега покажа отпорност на глобалните ризици и позитивните трендови ќе продолжат и оваа година.

Важна улога, вели тој, ќе играат јавните инвестиции во патната и железничката инфраструктура, како и локалните инфраструктурни проекти.

Очекуваме силно економско закрепнување, поттикнато од јавни и приватни инвестиции, особено во производствениот и енергетскиот сектор.

„Дополнителен поттик ќе биде обезбеден од протокот на странски директни инвестиции“, рече гувернерот во изјава за списанието „Економија и Бизнис“.

Поврзани вести