Славески: Се очекува инфлацијата да падне на 2,5% во 2026 година и на 2% на среден рок

Макроекономските перспективи за домашната економија укажуваат на отпорност и солиден економски раст, прилагодување на инфлацијата надолу и во голема мера стабилна позиција на платниот биланс, што обезбедува соодветно ниво на девизни резерви, нагласи гувернерот Трајко Славески, кој ги презентираше најновите макроекономски проекции на Народната банка за периодот 2025 – 2028 година пред дипломатскиот кор и претставниците на меѓународните институции.

Економскиот раст, кој беше проектиран на 3% во априлските проекции, сега се очекува да достигне 3,5% до крајот на годината, според гувернерот на Народната банка на Северна Македонија, Трајко Славески. Исто така, имаше корекции во стапката на инфлација, која првично беше проектирана на 3%, но сега е ревидирана на 3,9%, со очекувања дека ќе се стабилизира на среден рок и ќе достигне 2% до 2027 година.

„Инфлацијата во 2025 година ќе биде под влијание на зголемувањето на цените на храната. Во услови на сè уште инертна базична инфлација и одредена стабилизација на цените на енергијата, во наредниот период, проекциите покажуваат дека инфлацијата ќе се намали на 2,5% во 2026 година и на 2% на среден рок…“, изјави Трајко Славески, гувернер на Народната банка на Северна Македонија.

Најновите проекции предвидуваат и продлабочување на дефицитот на тековната сметка, кој според Народната банка ќе достигне 4,2% оваа година, што претставува проширување во споредба со минатата година. Сепак, во следните години, Народната банка предвидува постепено намалување – на 4,1% во 2026 година и на 3,7% во 2027 година.
The post Славески: Се очекува инфлацијата да падне на 2,5% во 2026 година и на 2% на среден рок appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: