Славица Ќуктераш откако се разведе, не престана да провоцира

По разводот, српската фолк пејачка Славица Ќуктераш „не губи време“ кога станува збор за споделување провокативни фотографии на социјалните мрежи, а пејачката сега отиде чекор подалеку, објавувајќи цел „сет“ на секси слики. Машкиот дел од нејзините следбеницина Инстаграм не го криеше своето воодушевување.
Славица се нашминкала, ја навиткала косата, се соблекла, па на себе облекла само црвена маичка на прерамки, златни сандали и застанала пред камерата. Гаќичките очигледно ги заборавила или намерно ги оставила во фиоката за долна облека.


Пејачката, очигледно, не е засегната од поминатите денови во карантинот, а од приложените фото докази можеме да видиме дека принудниот одмор не и ја загрозил идеалната линија.


Најновата провокативна, секси фото-објава на пејачката, предизвика реакција на нејзините колешки Кристина Кија Коцкар и Ивана Петерс, кои Славица ја споредија со легендарната Витни Хјустон.
Разголените фотографиите на Ќукераш за кратко време собраа многу лајкови и коментари, а еден од нив особено се истакна:
„Жено, нè потепа со сексапил“ – напишал е воодушевениот обожавател.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.