Позната по својата духовитост, манекенката Криси Тајген по втор пат стана мајка, а оттогаш не престанува да се шегува на своја сметка. Таа повторно без срам покажала како изгледаат градите на мајките кои дојат.
Криси неодамна го родила синот Мајлс и речиси секојдневно ја споделува магијата на мајчинството и животот по породувањето со своите обожаватели.
Help pic.twitter.com/RULEv1P8CJ
— christine teigen (@chrissyteigen) June 10, 2018
Секако, нејзините објави се без влакна на јазикот, а последната објава предизвикала бурни реакции на социјалните мрежи.
“Погледнете ги вените на моите гради полни со млеко. Што е тоа?”, се запрашала Криси во снимката која ја објавила на Твитер.
Непосредно пред ова, само четири дена по породувањето, таа објавила и фотографија од себеси во мрежести гаќи и гордо го покажала постпородилното стомаче.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.