Претседателот на германскиот фудбалски гигант минхенски Баерн, Ули Хенес му се заканува затворска казна поради затајување данок, пренесуваа германските медиуми, додека правниот магазин Juve наведува дека може да добие дури десет години затвор.Челникот на Баерн Минхен е под удар ан германските даночни органи откако на сомнителни трансакции заработил 20 милиони евра коишто ги сокрил на тајна сметка во една швајцарска банка чие име не се објавува, без да плати данок.Откриено е и дека Ули Хенес уште на 20-ти март годинава завршил во притвор од кој бил ослободен откако платил кауција од пет милиони евра. Раководството на клубот успеало да го прикрие целиот случај се` до првиот меч против Барселона во полуфиналето од Лигата на шампионите кој баварците го добија со импресивни 4:0.„Законот предвидува казна уште која станува збор за проневерување на милион евра Хенес би можел да добие и десет години затвор“, се наведува во написот на правничкото списание Juve.Поранешниот челник на Даночната унија, Дитер Ондрецек, исто така, смета дека за Хеенс воопшто не е добра ситуацијата. „Затвор? Многу веројатно, иако на јавноста не и` се познати сите детали“, смета Ондрацек.Претседателот на Баерн, истовремено и сопственик на една фабрика за колбаси, им потврдил на германските медиуми дека има банкарска сметка во Швајцарија што го признал и пред даночните власти.Легендата на германскиот фудбал крилниот играч Ули Хенес беше една од ѕвездите на селекцијата на „панцирите“ која го освои светското првенство во 1974 година,а две години претходно и европскиот шампионат, а исто толку влијателен беше и надвор од терените придонесувајќи за растот на Баерн Минхен, чиј генерален односно генерален менаџер е од 1979 година.Со Баерн има освоено три титули во Купот на шампионите (денешната Лига на шампионите) и еден Интерконтинентален куп (денес Светското клупско фудбалско првенство), четири пати бил првак на Бундеслигата и еднаш го освоил Германскиот куп. Во 250 настапи во најсилната германска лига постигнал 86 голови. За германската репрезентација настапил 35 патиИнтересно е дека во 1982 година Хенес преживеа авионска несреќа во кој загинаа три лица. Спиејќи во авионот, се здобил само со полесни повреди, а по еден час надзорник го нашол како дезориентирано шета и само рекол „студено ми е“, а подоцна воопшто не се сеќавал на несреќата. По овај случај јавноста забележа дека Хенес станал милосрден помагајќи им на многу поранешни играчи на Баерн кои не се снашле во животот.Претседателот на германскиот фудбалски гигант минхенски Баерн, Ули Хенес му се заканува затворска казна поради затајув
Пронајдете не на следниве мрежи: