Сладолед кој го стеснува струкот: Тајната е само во еден додаток!

За да се разладите, а притоа и да ослабнете, не мора да се откажете од омилените летни слатки – сè што треба да направите е домашен сладолед со „магична“ состојка кој истовремено ќе ве разлади и стесни – а тоа е нането.
Ви предлагаме две највкусни опции, кои се прават неверојатно лесно и брзо!
Сладолед од лубеница
Состојки: половина од помала лубеница и неколку гранчиња нане.
Подготовка: Одвојте ја лубеницата од кората и исечете ја на парчиња, па потоа ставете ја во блендер. Искинете ги листовите од нане, додадете ги во блендерот и блендирајте додека не добиете мазна смеса. Ако е премногу густа, додадете малку вода, па смесата истурете ја во калап за сладолед и добро изладете во замрзнувач.


Егзотичен сладолед
Состојки: половина ананас, 1 краставица, 1 јаболко, 100 грама свежи листови од спанаќ, 1 гранче свежо нане.
Подготовка: Иситнете ги сите состојки и ставете ги во блендер. Додадете малку вода доколку е потребно, смесата истурете ја во калапи за сладолед, а потоа оставете ја во замрзнувач неколку часа.
Уживајте во слаткото освежување кое ќе ви помогне и во процесот на слабеење!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.