Сладолед торта совршена за жешките денови: Потребни ви се три состојки и 15 минути време

Тортата од сладолед и бисквити е летниот десерт кој ќе го обожувате.
Состојки:
– 250 грама благи бисквити;
– 3 лажици растопен путер;
– 1.5 кг благ растопен сладолед (вкус по желба);
– 200 грама овошје по желба.


Подготовка:
Во блендер ставете 10 парчиња од бисквитите и обработете ги до ситни парчиња. Додадете го путерот и мешајте во блендерот додека смесата не се соедини.
Мешавината од бисквитите и путерот ставете ја во сад за печење.
Над тоа ставете го сладоледот и нежно распоредете го по целата површина. Потоа над сладоледот ставете го овошјето. Тортата ставете ја во замрзнувач најмалку 8 часа, односно додека не стане цврста.
Наздравје!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.