Слатка храна од која не се дебелеете

Сите сме љубители на слатката храна. Ретко кој од нас може да одолее на торти, колачи, пудинг, чоколатца. Но, ваквата слатка храна содржи многу шеќер, ароми, боја за храна. Полна е со калории, а со многу малку хранливи вредности.
Консумирање на шеќер може да го зголеми ризикот од кариес и дијабет тип 2.
Ако сакате да имате балансирана исхрана, постојат многу слатки работи кои можат да послужат како алтернативна замена за чоколадото.
Свежо овошје
Свежото овошје е богато со природни шеќери и преполно со хранливи состојки како што се влакна, витамини и минерали. Исто така има антиоксидантни својства. За разлика од слатките работи, овошјето има малку калории.
Сушено овошје
Сушеното овошје има многу концентрирани хранливи вредности и шеќери што го прави уште послатко и покалорично од свежото овошје, но, научниците ве советуваат да не претерувате со него.
Смрзнато овошје


Срзнатото овошје содржи хранливи состојки како и свежото овошје, затоа што пред замрзнувањето во потполност е свежо. Направете си јогурт со смрзнато овошје како предлог за ужинка.
Енергетски бомбици


Енергетските бомбици се прават од здрави состојки кои содржат влакна, протеини, здрави масти кои прават да се чувствувате сити. Овесот, лененото семе и сушеното овошје се најчестите состојки од кои се прават. Меѓутоа, може да направите со состојки по ваш вкус.
Јагоди со црно чоколадо
Јагодите се полни со антиоксиданти и витамини кои помагаат во превенција на срцеви заболувања. Свежите јагоди потопете ги во растопено црно чоколадо и оставете да се стегнат 15-20 минути.
Печени јаболка


Јаболкото е богато со влакна, витамини и минерали. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои редовно јадат јаболка имаат намален ризик од рак, срцеви заболувања, дијабетес тип 2 и дебелеење.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.