Во породилиштето во Шабац е родено бебе вицешампион во тежина, а 30 годишната мајка Слаѓана Максимовиќ е рекордер во тежина на родени деца. Од најмалиот другар Теодора е тешка повеќе од двојно и повисока 8 сантиметри.
Со 5 килограми и 600 грама ја доби вицешампионската титула во породилиштето, одлични оцени, име на една царица и нескриена радост на мајката поради најтешкото бебе во семејството Максимовиќ, објави РТС.
-Бев голема, сите мислеа дека носат тројка, но јас се борев да бидам што поактивна, повеќе трчав по децата и се излезе без проблеми, вели мајката Слаѓана.
Со четири деца на породувањето тешки вкупно 20.550 грама, Слаѓана е рекордер меѓу мајките.
-Се природно, без епидурали, без таблети за болки, без ништо, без никакви компликации, наведува таа.
-Сите се изненадени со килажата, а јас сум пресреќен, се израдував кога сопругата ми се јави, секако дека морав дупло да почестам, објаснува таткото Слободан Максимовиќ.
Мајката на Теодора вели дека бебињата обично по раѓањето носат облека величина 56, а дека нејзината ќерка ќе носи 74.
Најкрупното бебе родено во Шабац е тешко 6 килограми и 200 грама.