Тукушто помина споениот викенд со празникот 2 Август, а набрзо ни претстојат уште два неработни денови. Првиот следен неработен ден е 28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), а по него 8 Септември (понеделник), Ден на независноста.
Ова се сите преостанати неработни денови:
За сите граѓани на РМ:
8 Септември (понеделник), Ден на независноста
11 Октомври (петок), Ден на народното востание
23 Октомври (среда), Ден на Македонската револуционерна борба
8 Декември (недела), „Св. Климент Охридски”, односно 9 декември (понеделник)
***Доколку државните празници и празниците на РМ паѓаат во недела, наредниот ден се смета за неработен.
За граѓаните од православна вероисповед:
28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)
За граѓаните од католичка вероисповед:
1 Ноември (петок), Празникот на сите светци
25 декември (среда), првиот ден на Божик
За граѓаните од муслиманска вероисповед:
11 август (недела), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам
За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ:
22 Ноември (петок), Ден на Албанската азбука
За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ:
9 октомври (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур
За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ:
28 Септември (сабота), Меѓународен ден на Бошњаците
За граѓаните припадници на турската заедница во РМ:
21 Декември (сабота), Ден на настава на турски јазик