Следете ги овие совети и карминот нема да ви се избрише во текот на целиот ден

Сите сме се нашле во ситуација кога во текот на денот сме забележале дека карминот ни се размачкал или поголемиот дел од пигментот исчезнал од усните
Ако пред да ставите кармин на усните, ставите подлога, односно течна пудра, вашиот кармин ќе трае многу подолго. Принципот е ист како за ставање коректор или прајмер за сенка, за да го спречите исчезнувањето на сенката од очниот капак.

Доколку сакате да имате кармин на усните во текот на целиот ден, најдобро е да ги следните совети:
1. Направете пилинг на усните со помош на четка за заби или пилинг на база на шеќер.
2. Нанесете го омилениот балсам за усни.
3. Со прсти или четкичка ставете подлога или пудра на усните.
4. Ставете кармин на усните, а можете најпрво да им дадете дефиниција и форма со помош на моливче за усни.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.