Следната недела се очекува да пристигне втората пратка на вакцини кои ни ги донира Србија. Оваа информација вечерва ја потврди министерот за здравство, Венко Филипче во гостувањето на Сител.
– Денеска разговаравме со цел како да го направиме нашиот план и распоред. Дали да планираме 2.000 лица кои што треба да се вакцинираат, и другите за секој случај да ги зачуваме. Меѓутоа, денеска укажаа на тоа дека веќе следната недела и останатата количина ќе пристигне во нашата земја. Ќе бидеме една од ретките земји, 4.000 вакцини за 4.000 здравствени работници кои што директно работат со Ковид и тоа го покажаа анализите и претходно, рече Филипче.
Македонија од Србија доби само 4.680 дози од планираните 8.000 вакцини.