Следниот викенд ќе биде продолжен – петок неработен ден

Согласно Законот за празници, наредниот петок, 11-ти Октомври, кога се одбележува Денот на народното востание, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија. Ова значи дека следниот викенд ќе биде продолжен, со еден ден плус за одмор од секојдневните работни обврски.
Овој месец има уште еден државен празник, 23-ти Октомври, Денот на македонската револуционерна борба, кој исто така ќе биде неработен за сите граѓани.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.