Следните избори Заев кандидат во соседна Грција

Заев има многу добри пријатели во Грција, на шега низ колуарите кружи . Следните избори Заев кандидат во соседна Грција. Не се зане дали е шега или вистина ама Македонскиот Премиер има многу добри пријатели во Грција.Ципрас: посакувам мојот пријател Зоран Заев да го добие референдумот
Ципрас смета дека тежок бил процесот на уставни промени во македонското собрание поради потребата од двотретинско мнозинство.
Грчкиот премиер вчера на средба со новинарите на Меѓународниот Саем во Солун му посака успешен референдум за промена на името на премиерот Заев и ја отфрли можноста за распишување на референдум во Грција.
–  На 30 септември има референдум во Скопје. Посакувам и се надевам дека мојот пријател Зоран Заев да го добие. Потоа имаме тежок процес, процесот на уставни промени, кој што ќе се финализира кон средината на јануари, тоа е процес што е тежок бидејќи бара две третини од собранието, а потоа секако го имаме процесот со протоколот за интеграција, бирократските процеси во НАТО, вели Ципрас.
Вчера шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас прогласи победа за Грција со договорот за името. Во иднина веќе никој нема да ја викал соседната земја Македонија туку Северна Македонија. Според Коѕиас, Грција ја води играта со името – иако Македонија прифатила референдум и уставни промени, сепак на крај се ќе зависи од Грција.За Коѕијас користењето на македонскиот јазик и идентитет од страна на македонските власти претставува само дел од пропагандната кампања за претстојниот референдум на 30ти септември
.– Господин Заев се обидува да  направи  референдум на кој нема да се навлегува во дебата дека земјата си го менува името, таа е втора земја во историјата на Европа  која го менува името, кажа Коѕијас
Ципрас од друга страна вчера ја отфрли можноста за предвремени парламентарни избори во Грција. Јасно стави до знаење дека и без оглед на ставот на владиниот коалиционер Панос Каменос, тој ќе го донесе Преспанскиот договор и ратификува во грчкото собрание пред следните парламентарни избори во Грција кои треба да се случат во септември 2019 година. “Ќе го направам она што го сметам за национален интерес”- кажа синоќа Ципрас.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.