Следните пет утрински навики се погубни за нашето здравје и расположение

Старите навики тешко изумираат. Од таа причина продолжуваме да правиме некои работи кои се штетни за нас, посебно наутро – кога имаме најмалку време за губење.

Следните пет утрински навики се погубни за нашето здравје и расположение и препорачливо е истите да ги смените.

Туширање со топла вода

Бидејќи топлата вода нè опушта, поголеми се шансите да посакаме да се вратиме во кревет по туширањето. Од друга страна, туширањето со млака вода нè расонува и нè припрема за сите дневни обврски.

Проверување на социјалните мрежи и деловен mail

Нема причина зошто да го продолжуваме работниот ден со проверување на деловниот е-маил уште од раното утро. А кога се во прашање социјалните мрежи, во текот на денот ќе имате многу прилики да ги прегледате истите. Зошто да го губите драгоценото време со семејството или партнерот во утринските часови за гледање во екран?

Трошење време на бирање облека

Сигурно често ви се случува наутро да сте во дилема што да облечете тој ден. Со цел да го одбегнете трошењето на време наутро, изберете неколку деловни комбинации кои ќе ги носите во текот на неделата и купувајте гардероба која ги исполнува таквите критериуми.

Пиење кафе

Црното кафе во утринските часови го подигнува нивото на кортизол во организмот и нè прави многу понервозни. Исто така не е препорачливо да консумирате кафе на празен стомак. Истражувањата откриваат дека идеалното време за консумирање на овој топол напиток е 3 до 4 часа по станувањето.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.