Голем број на патници кои транзитираат на скопскиот аеродром реагираат дека не им се даваат препораки во однос на тоа дали треба да бидат во самоизолација
Таков е случајот со Татјана Атанасовска Гроздановска која слетала од Париз вчера (13-ти кон 14-ти), пет минути по полноќ. Франција се наоѓа на листата на високоризични држави во однос на коронавирусот.
Само десетина минути подоцна по авионот од Париз, слетал и авионот од Барселона со еден потврден случај на коронавирус кога жената сама се пријавила дека има симптоми на болеста.