Принцезите од популарните бајки се непресушен извор на инспирација за големиот екран. Филмовите базирани на овој шаблон имаат голема база на обожаватели. Дали сте еден од нив?
Деновиве пристигна адаптацијата во живо на „Снежана“ во режија на Марко Веб, која се снимаше според бајките на браќата Грим, како и според анимираниот модел на Дизни.
Улогата на Снежана ја толкуваше младата актерка Рејчел Зеглер, додека нејзиниот главен непријател во филмот и злобната кралица беше Гал Гадот.
Сличноста помеѓу илустративниот материјал и анимациите и финалната работа за големото платно е навистина неверојатна, а посебно внимание беше посветено на секој детал – од фустани до фризури и модни додатоци.
Главните хероини од анимираните верзии на „Убавицата и ѕверот“ и „Пепелашка“ имаа неверојатна сличност со нивниот анимиран модел.
Погледнете ја фотогалеријата и проверете колку славните дами наликуваат на принцезите и негативците на Дизни кои ги отелотвориле во анимираните верзии на популарните цртани филмови.