Големи делови од Шпанија и Португалија , вклучувајќи ги Мадрид и Лисабон, беа погодени од прекини на електрична енергија, а проблеми имаше и во Андора и Белгија.Со бројните извештаи дека голем број граѓани на Шпанија и Португалија останале без вода, луѓето во паника купуваат залихи.Се шират сцени од супермаркетите какви што видовме за време на пандемијата на коронавирус.Полиците се празни, а во супермаркетите тешко се наоѓа пакет вода и други потреби.
Кеј Кларк, која е со седиште во Форос де Амора јужно од Лисабон, изјави за Скај њуз дека на почетокот луѓето се собирале на евтина негазирана вода, но бидејќи залихите брзо снемале, тие сега купуваат и газирана и поскапа вода.
❕Los supermercados, abarrotados tras el apagón generalizado en toda España pic.twitter.com/DxTSFJruOE— El Debate (@eldebate_com) April 28, 2025
“Имаме новороденче, нема струја и вода. Надворешниот свет е во хаос. Сообраќајни несреќи се случуваат бидејќи нема семафори, а луѓето се заглавени во лифтови во станбените згради”, рекол Џорџ Аткинс.Водечката португалска енергетска компанија РЕН објави дека прекинот на електричната енергија е предизвикан од дефект во шпанската електрична мрежа, поврзан со „редок атмосферски феномен“.