Претседателот на Срија, Александар Вучиќ ќе се врати на редовните работни обврски од 7 мај, објавија медиумите. За среда наутро се закажани средби со рускиот и британскиот амбасадор, а првото обраќање на претседателот ќе биде во среда навечер.
Претходно Вучиќ ја откажа посетата на САД поради влошена здравствена состојба, по што итно беше пренесен назад во Србија и примен на Воено-медицинската академија во Белград.
Детали за тоа што се случило не се објавуваат, меѓутоа повеќе владини функционери потврдија дека Вучиќ сега се чувствува добро.



