Слободата не ни е дадена засекогаш – Полското искуство

“Тој кој не си го почитува своето минато и историја тогаш тој не е достоен на почит во сегашноста а со тоа и нема право на иднината” – Јозеф Пилсудски.
Во контекст на празникот на Полска и неточното информирање на македонските провлади медиуми дека се одвивал националистички марш во Варшава, а не дека цели семејства со мали деца уживаа во стогодишнината на Полска го пишувам овој текст како инспирација за македонскиот народ да ја издржи оваа предавничка власт. 11 Ноември е ден на независноста на Полска, извојувана 1918 година после 123 години не постоење поради предавство.
Еве дел да се потсетиме како изгледал патот до денешна Полска, да се увериме дека никој никому ништо не дава без интерес, додека пак зима ако не се бориш а да не зборуваме ако самиот даваш нешто што е твое.
23 Август 1939 Хитлер и Сталин тајно се договараат да ја поделат и уништат Полска. Војната што наидувала била сигурна, неизбежна, но никој не се надевал дека ќе трае половина век.
Па така, први напагаат Германицте а потоа советска Русија, полскиот народ бил оставен сам на себе. Но никој не помислил да се предаде туку напротив прават подземна држава која има своја влада, армија, суд, училиста и продолжуваат да се борат со непријателите. Проаѓаат преку две окупации кој им носат огромни загуби, Германците им убиваат цивили, Русите ги носат на исток на Сибир, им убиваат во Катин 20.000 офицери, а неколку стотици илјади се пренесени како затвореници и работна сила на исток до Сибир. Светот влегува во втора светска војна, а тогаш Шикорски прави договор со Мајски да се амнестираат полските затвореници во Русија при што се создава Полска Армија на исток, раководена од генерал Владислав Андерс која преку Узбекистан, Иран, Африка доаѓаат до Италија каде благодарејќи на генерал Андерс и полската армија се освојува Монте Касино, битка позната како битка за Рим.
Генерал Андерс односно Армијата на Полска нарекувани од Германија црни ѓаволи тајно влегуваат во окупираната Полска и ја помага подземната држава. Во тој период ги откриваат тајните планови на фашистите и спасуваат иљадници Евреи и први го информираат светот за Холокаустот, но политиката се покажува како поважна од човечките животи па така никој не ја слуша Полска.
Така во 1944 подземната држава се појавува на површина и почнува да се бори отворено против окупаторот, познато како Варшавско востание, полскиот народ го дава својот живот во име на достоинството и слободата.
Војната продолжува а полските инжињери ја дешифрираат Енигма, машина за тајните пораки на Германците, прават неколку копии и ги даваат на своите сојузници. Британија и Франција пробуваат но на Полска и успева да ги дешифрира Германците, Британија ја усовршува, но преломот го прави Полска, сакајки сите заслуги да ги задржи за себе Британија пробува да го сокрие фактот дека полските инжињери се заслужни за откривањето на тајните, а лицемерието на Британија се гледа и во тоа дека знаеле за масакрот на полските 20.000 офицери и интелегенција во Катин но несакале да кажат дека виновна е Русија, и покрај сите овие заслуги на полскиот народ во Јалта повторно се случува предавство на Полска, сојузите се менуваат, а Полска останува заробена од комунизмот.
Иако уморни од војната и желни за мир полскиот народ нема да се предаде. Почнуваат да се бунтуваат низ градовите, познати се неколку побуни на работниците и студентите, како на пример Познанскиот бунт 1956 година, Студенските протести во 1968 година, Варшавски бунт 1979 година и уште многу други сите крваво задушувани. Папата Јован Павле втори им дава надеж, а полскиот народ се буди и после масовните протести конечно комунизмот паѓа а Полска е самостојна независна држава и конечно доаѓа слободата.
Сакам да кажам дека ова е дел од историјата на Полска, за која можам усте само да ве потсетам дека пред 1918 година Полска ја нема на мапа 123 години, била распарчена од Прусија, Австрија и Русија. Била предадена од богатите, од аристократијата, народот бил продаден за пари , за материјално добро , но народ така лесно не се уништува што е доказ и денешна Полска која е посилна , поубава , посреќна од било кога.
Сакам да ви предочам за тоа дека и Македонија имала слична историја, некои делови ни се толку исти како да се работи за една иста држава.
Делен народ, парчена земја, предавство на елитата врз народот, предавство од сојузниците, сето тоа и се има случено и на Македонија, само како што можете да забележите најмногу време требало да се возобнови Полска после предавството од страна на елитата, дури 123 години чекал народот да се дојде до момент кога Полска повторно ке биде држава. Народот е спремен да се бори и ќе издржи било какви војни и непогоди но најмногу боли и со најмногу последици е предавството.
Сето ова што го напишав се потпира на факти, имате слика како во реалноста било во централна Европа, како еден народ ја обезбедил својата среќа и слобода, како пример за нас Македонците бидејки ние сме во центарот на Балканот и ја живееме сличната историја и судбина, го имаме на повидок и предавството кое сеуште имаме време да го спречиме. Јозеф Пилсудски во неговиот живот ќе ја предводи Полска до нејзиното создавање 1918 година, и ке каже многу мисли но три од тие секогаш ми се во глава, а се однесуваат на договорите со Бугарија и Грција, тој на полскиот народ ќе му каже ,”Слободата не ни е дадена засекогаш, за да ја имаме треба да ја негуваме и да се бориме, бидејки она е највредното ама има и цена на чинење”, македонски народе ова што сега го имаме не е слобода, ова што сега се случува не е држава, нека секој се запраша дали таа европска унија кон која се стремиме ја има оваа иста слобода. За сето ова сто нас ни се случува самите сме си виновни , дозволивме да бидеме излажани , предадени , не излажаа и сега не продаваат како народ со се култура и историја. Се прави уште поголемо злодело сто и понатаму не убедуваат дека со амандманите ке ни го осигурале идентитетот , а дали во светот и во Европа еден народ својот идентитет го обезбедува со амандмани, одговорот е НЕ, и никогас нема да биде обезбеден ако е ставен во договор , за идентитетот не се преговара и не се потпишуваат договори.
Затоа на крајот ке написам усте една мисла од Јозеф Пилсудски,
“Народ кој ја губи историјата престанува да биде народ-он станува збир на лугје кој зафакаат одредена територија на одредено време”.
Македонски народе дали овие зборови на човек кој ја предводел Полска до државноста не се доволни да разберете што сакаат да направат со македонскиот народ, а за тоа да им успее се служат со тиранската пратформа,преспанскиот и бугарскиот договор.
Да Живее Република Македонија.
Марјан Велковски, студент во Полска

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.