Словачкиот премиер Роберт Фицо оцени дека Европската унија, а не Русија, ќе биде во загуба откако Украина го спречи транспортот на руски гас , пишува денеска бриселско Политико.
Запирањето на транзитот на гас преку територијата на Украина ќе има драстично влијание врз сите нас во ЕУ, но не и врз Русија, рече Фицо во своето новогодишно обраќање.За време на божиќните празници во Москва, Фицо разговараше за снабдувањето со гас со рускиот претседател Владимир Путин.
Претходно, Фицо тврдеше дека завршувањето на договорот ќе ги зголеми трошоците за ЕУ и ќе и’ наштети на конкурентноста на Унијата, како и дека ќе предизвика зголемување на цените на енергијата во Словачка.
Фицо се закани дека ќе преземе „реципрочни мерки“ против Украина доколку не го продолжи аранжманот, вклучително и стопирање на извозот на електрична енергија во земјата, која се соочува со сурова зима.
Од друга страна, полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски денеска го поздрави крајот на рускиот договор како победа на Киев.
Путин потроши милијарди за изградба на Северен тек за да ја заобиколи Украина и да ја уценува Источна Европа заканувајќи се дека ќе го прекине гасот. Денеска Украина му ја ускрати можноста за директен извоз на гас во ЕУ, изјави Сикорски.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.