Словачката влада планира да ја зголеми личната заштита на политичарите, како и построги правила за протести по обидот за атентат врз премиерот Роберт Фицо минатиот месец.
Плановите ги засегаат не само членовите на владата, туку и водачите на опозициските партии, според измените на законот усвоени денеска од трипартискиот кабинет во Братислава.
Тие сè уште треба да бидат одобрени од парламентот, каде што коалициските партии имаат доволно мнозинство.
Премиерот Фицо беше тешко повреден откако беше застрелан неколку пати од противник на владата на 15 мај.
Своите службени должности засега ги презеде вицепремиерот Роберт Калинак.
Новите законски одредби вклучуваат и построги правила за протестни собири. На демонстрантите повеќе не им е дозволено да се собираат директно пред зградата на владата или претседателската канцеларија, парламентот или судовите и мора да задржат минимално растојание од 50 метри.
Приватната сфера на јавните службеници треба да биде посилно заштитена.
Ќе бидат забранети протестите пред болниците и приватните резиденции на лекари, новинари и други лица кои поради нивните професионални активности станаа мета на критики на јавноста.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.