„Премиерот останува на интензивна нега. Неговата состојба се уште е многу сериозна. Лекарите постојано се околу него. Очекуваме дека во текот на утрешниот ден ќе соопштат дали се потребни дополнителни операции“, изјавила директорката на болницата во која е хоспитализиран словачкиот премиер
Откако пред два дена беше застрелан во градите и абдоменот, словачкиот премиер Робер Фичо денеска е опериран по втор пат. Сега се наоѓа во стабилна состојба, со навестување за негов напредок.
Ова денеска го изјавил словачкиот министер за одбана Роберт Калињак, посочувајќи дека државата е стабилна, дека како влада ги преземале сите потребни процедури неопходни при вакви ситуации.
Според директорката на болницата во Банска Бистрица каде е хоспитализиран словачкиот премиер, денешната операција траела два часа, што, како што рече е неоходна процедура при вакви повреди.
„Премиерот останува на интензивна нега. Неговата состојба се уште е многу сериозна. Лекарите постојано се околу него. Очекуваме дека во текот на утрешниот ден ќе соопштат дали се потребни дополнителни операции“,
рече таа.
Лекарскиот совет, како што посочила таа, дури в понеделник ќе одлучи дали и кога ќе може да се пренесе Фицо во болница во Братислава.
Инаку, министерот за одбрана се заблагодарил за сите понуди за лекување на Фиц во странство и истакна дека Владата има целосна доверба во лекарите во Банска Бистрица.
„Ќе бидат потребни уште неколку дена додека не биде јасно како ќе се развива здравјето на премиерот. Порасположен сум, бидејќи гледам напредок. При денешната интервенција се покажа дека главната операција била успешна“,
рече Калињак.
Инаку, министерот за одбрана на Словачка долги години се смена за најблизок соработник на Фицо.
Министерот за внатрешни работи, Матус Шутај Ешток денеска изјавил дека полицијата открила 40 случаи на закани на политичарите по атентатот на премиерот.
Лидерот на опозициска партија Прогресивна Словачка, Михал Шимечка денеска поднел кривична пријава поради кон него и неговото семејство.
Надлежниот обвинител денеска побара притвор за осомничениот за атентатот на словачкиот премиер, обвинет за обид за убиство, мотивирано од одмазда, со што му се заканува казна од 25 години или доживотен затвор.