Словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар изјави во Тиват, на Самитот на процесот Брдо-Бриони, дека Косово има најмалку шанси за влез во Европската унија од Западен Балкан, пренесува Клан Косово.
Приц Мусар истакна дека косовската претседателка Вјоса Османи побарала помош и поддршка за Косово од земјите-членки.
„За жал, Косово има најслаба перспектива за членство во ЕУ меѓу земјите од Западен Балкан“, рече Пирц Мусар.
Според нејзиното мислење, Црна Гора има најдобра перспектива на Западен Балкан за можно членство во ЕУ.
Пирц Мусар рече и дека Албанија е најблиску до членство во ЕУ, посочувајќи дека првото поглавје ќе го отвори на 15 октомври.