На покана на министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денес во официјална посета на Република Македонија ќе престојува потпретседателот на Владата и министер за надворешни работи на Република Словенија, Миро Церар.
“На средбата предвидено е да бидат разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете пријателски држави, како и за можностите за зајакнување на соработката во повеќе области од заемен интерес“, информираат од МНР.
Двајцата министри ќе присуствуваат и на свечен настан по повод отворање на новите простории на Амбасадата на Република Словенија во Република Македонија.