Словенечката влада одобри закон со кој ќе се воведе задолжителен божиќен бонус за сите вработени, објавија локалните медиуми.
Бонусот за зимски празници ќе биде половина од минималната плата, што значи дека оваа година ќе изнесува 639 евра
Според вчера усвоената регулатива, рокот за исплата на бонусот е најдоцна 18 дена по истекот на рокот за исплата на плати во ноември. Доколку компанијата има тешкотии со ликвидноста, парите може да се исплатат до 31 март.
The post Словенија воведе божиќен бонус од 639 евра appeared first on Во Центар.



