Словенија мора да врати во европскиот буџет 286.000 евра

Словенија во европскиот буџет ќе мора да врати 286 илјади евра, неправилно користени средства за земјоделството, соопшти Европската комисија.

 Иако станува збор за ситници во однос на вкупно 414 милиони евра неоправдани издатоци за земјоделството на нивото на целата Европска унија, словенечкиот член на европскиот суд за ревизија, тело коешто ја надгледува потрошувачката од заедничкиот буџет, смета дека Словенија има тешкотии во користењето на европските средства, како и дека тоа се покажува и на овој пример.
Според ревизорскиот извештај од 2011 година, Словенија во областа на регионалниот развој и структурните политики има проблеми и недоволно ефикасно ги користи средствата, изјави во вторникот Милан Цвикл, словенечкиот член на европското ревизорско тело во кое се вклучени претставници на сите 27 земји членки на Европската унија.
До грешки доаѓа при трансакциите, многу проблеми има со почитување на правилата за на јавните порачки, а за финансирање на истражувачки проекти нема вистинска контрола, ниту бараните средства секогаш може да се оправдаат, рекол Цвикл, говорејќи на предавање во Марибор.
Ревизијата на буџетот за 2011 година покажала дека 3.9 отсто од средствата од европскиот буџет на ниво на целата Европска унија се исплатени неправилно, односно не смеело да бидат исплатени, а станува збор за околу пет милијарди евра, рекол Цвикл.
Макфакс
Словенија во европскиот буџет ќе мора да врати 286 илјади евра, неправилно користени средства за земјоделството, соопш

Пронајдете не на следниве мрежи: