Словенија: се укинува задолжителниот карантин од 14 дена!

Словенија: се укинува задолжителниот карантин од 14 дена!

Словенците и како и патниците од другите држави членки на Европската унија нема повеќе да одат во 14-дневен карантин по влезот во земјата. Одлуката за задолжително одење во карантин 14 дена, што беше на сила од средината на март, е укината за сите, освен за граѓаните од трети држави, односно за оние од државни кои не се дел од ЕУ. Тоа значи дека важи за нас, односно граѓани на Македонија ќе одат во карантин 14 дена.

КОРОНАВИРУС: Над 300.000 починати во светот, заразени над 4.5 милиони

Во карантин нема да одат и граѓаните на трети земји кои имаат привремено или трајно живеалиште во ЕУ, а во странство не биле повеќе од две недели. Полицијата извести и дека на граничните премини на лицата кои влегуваат во земјата ќе им се даваат флаери со препораките на Националниот институт за јавно здравје во однос на заштита и спречување на ширењето на коронавирусот.