Словенија: Ситуацијата во Македонија е вонредно тешка, 14 дневен карантин за сите кои ќе дојдат од таму

Словенечката Влада објави дека донела одлука сите оние кои доаѓаат од Македонија да мораат да одат во задолжителен 14 дневен карантин. Ваквата одлука важи за сите, без разлика дали се државјани на Словенија, Македонија или држава членка на Европската Унија.
– Епидемиолошката ситуација во Македонија е вонредно тешка. Сите они кои во Словенија ќе дојдат од таа држава, дури и словенечките државјани, мораат да одат во 14 дневен карантин, објави словенечкото Министерство за внатрешни работи.
Карантинот за Словенците кои се враќаат дома од други земји е укинат пред три недели.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.