Словенија: Усвоен закон со кој на лекарите од државните институции им се забранува да работат приватно

Словенечкиот Парламент денеска ги усвои измените на Законот за здравствени услуги, со кои се воведува речиси целосна забрана за двојна пракса за лекарите и другиот медицински персонал, а измените им забрануваат на вработените во државните здравствени установи да работат за приватни лица, пренесе агенцијата СТА.

Министерката за здравство Валентина Преволник Рупел истакна дека двојната пракса ќе биде можна само во исклучителни случаи.

Измените на законот имаат за цел да ги поттикнат лекарите да работат надвор од редовното работно време за нивните матични јавни организации, но повеќе не како независни изведувачи.

Пронајдете не на следниве мрежи:

©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.