Словенечката скијачка Илка Штухец дојде до десеттата победа во Светскиот куп, откако триумфира на денешната екстремно тешка трка во спуст во ски-центарот Кортина Д’Ампецо.
Со ова таа го заокружи речиси совршениот викенд во Италија, по второто место на вчерашната трка исто така во најбрзата скијачка дисциплина. Словенката извозе речиси перфектно за на крајот да оствари 26 стотинки подобро време пред Норвежанката Кајса Викхоф Ли. За неа ова беше само втор пласман на подиум во кариерата, до кој стигна сензационално од 30-ата стартна позиција.