СЛУЖБЕНИОТ „ПАСАТ“ НА ГРУБИ ГО ОШТЕТИЛА ЖЕНА

СЛУЖБЕНИОТ „ПАСАТ“ НА ГРУБИ ГО ОШТЕТИ ЖЕНА: Првиот вицепремиер не ја познава и не знае зошто го искршила ветробранското стакло

Пред Собранието, вчера околу 12.00 часот, 38-годишна жена го искршила ветробранското стакло на службениот автомобил во кој се вози првиот потпртеседател на Владата, Артан Груби.
Според Министерството за внатрешни работи, станува збор за 38-годишната В.Ј. која веднаш по инцидентот била приведена.
-Околу 12:00 часот пред Собрание на РСМ од страна на В. Ј. (38 години) било скршено предното ветробранско стакло од ПМВ Пасат сопственост на Влада на РСМ. Од страна на полициски службеници лицето е приведено во полициската станица во Центар. Се работи на расчистување на случајот, соопштија од МВР.
Груби за изјави дека тој не е повреден бидејќи во тоа време присуствувал на собраниската седница, а за жената вели дека не ја познава.
-Точно е. Возилото е искршено од страна на В.Ј. (38 години), пред главниот влез на Собранието додека јас бев на пленарна седница за Законот за распределување на административците од К5 Програмата. Не сме повремени ниту јас ниту некој од мојата придружба. Не ја познавам личноста, ниту ги знам причините за нападот и очекувам МВР да го разјасни случајот“, изјави Груби.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.