Арапската лига официјално ја повика сириската опозиција како претставник, на оваа земја чиешто членство беше суспендирано на состанок на организацијата, а францускиот министер за надворешни работи Лорен Фабиус изјави дека не се потврдени слуховите за убиството на сирискиот претседател Башар ал-Асад.Сириската опозиција мора да се обедини, оцени шефот на француската дипломатија Лорен Фабиус и додаде дека во понеделникот не се потврдени наводните шпекулации за атентатот врз сирискиот претседател Башар Ал-Асад.Во неделата еден непозната арапски портал пишуваше дека сирискиот претседател бил застрелан на 23-ти март од негов ирански телохранител, и дека бил пренесен во болница каде што починал. На прашањето на новинарот на Europe 1, Фабиус одговори дека оваа информација не е потврдена од ниеден извор.„Ако сакаме да го избегнеме распадот на Сирија и победа на екстремистите, потребно е политичкото решавање. За тоа е потребно воспоставување рамнотежа на воените сили на теренот“, додава Фабиус.Опозициската коалиција засега не ја прифаќа оставката на водачот на опозиција Ахмед Моаз ал-Катиб, а новиот претседател на опозициската влада го отфрла и Слободната сириска војска.Членството на Сирија во Арапската лига официјално е понудена на сириската опозиција, изјави во понеделникот неименуван висок функционер на арапската лига, пред одржување на самитот на организацијата во Доха.„Опозицијата е повикана на арапскиот состанок на врвот и таа ќе го заземе местото на Сирија во Арапската лига“, прецизираа овој функционер, пренесува AFP.Национална опозициска коалиција објави во неделата дека е повикана на самитот во Доха, каде ќе ја претставува „премиерот“ Ѓасан Хито.Командантот на Слободната сириската армија (FSA), главната сила на сирискиот вооружен бунт, полковникот Раин Асад, бил ранет во експлозија на бомба во источна Сирија, јави сириска опозициска група.Директорот на Сириската опсерваторија за човекови права (OSDH) којашто дејствува во Лондон, Рахми Абделрахман прецизираше дека во експлозијата во неделата навечер е ранет полковникот Асад кој се наоѓал во автомобил во обиколка на областа Деир Езор, а бил ранет во ногата.
МакфаксАрапската лига официјално ја повика сириската опозиција како претставник, на оваа земја чиешто членство беше суспендир