Сметката на „Секјуриком“ ќе биде одмрзната

Тоа значи дека вработените во „Секјуриком“ ќе ги добијат заостанатите плати за месеците јули и август. Но, одмрзнувањето на сметката е само до износ со кој се покрива исплатата на месечните приходи за месеците јули и август. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска соопшти дека до Основниот суд Скопје 1 – Скопје доставиле согласност за одмрзнување на сметка на компанијата.
За „Секјуриком“ претходно беше донесено Решение за привремено запирање на извршување на финансиски трансакции и замрзнување на сметки на сопстевникот Волфганг Гампер и поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Васе Доневски. За нив е поднесено обвинение за криминал тежок повеќе од 10 милиони евра преку тенедери за одржување на просториите на Владата, како и за четири други правни лица.
-Следејќи ја состојбата на вработените и грижејќи се за почитување на законските права на работниците на кои неколку месеци не им се исплатени плати и придонеси за нивната работа во правното лице за чиј сопственик е покренато обвинение, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје достави согласност за одмрзнување на сметка на правното лице, се маведува во соопштението на ОЈО.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.