КОНЕЧНО ДОБРИ ВЕСТИ: Сметката на ФК Вардар се одблокира, доаѓа буџет од 3.000.000 евра

Фудбалскиот клуб Вардар го чекаат подобри денови, затоа што се е подготвено да се одблокира сметката на најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија.

Постигнат е договор со Управата за јавни приходи (УЈП) како да се подмири стариот долг кој изнесува 3.000.000 евра за клубот да може да функционира без проблем.

Направен е договор со фирми од странство и УЈП. Компаниите дале гаранција, а УЈП овозможила плаќање на рати на долгот. Се работи за исплата на 36 рати.

Исто така, соопштено е дека од лето се очекува буџет од 3.000.000 евра за следната сезона.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.