Сме имале Уставен суд. Замрзната уредбата за платите на функционерите
Уставен суд ги почести функционерите 4 милиони евра во време на најголемата криза по Втората свестка војна.
Пратениците, директорите, судиите, обвинителите и сите останати избрани и именувани лица нема да бидат на минималец, односно за април ќе земат цела плата, а најверојатно и за мај, одлучи Уставниот суд.
Во оценувањето на уставноста е Законот за платите на функционерите, кое се однесува на претседателот на државата, собранискиот спикер, пратениците, премиерот, фунцкионерите кои се именувани од Собранието и Владата, градоначалниците, понатаму јавните обвинители и судиите им овозможува да ја земат целата плата, наместо минималната од 14.500 денари како што наложи Владата.