Смок долг 4,5 метри убиен во Кратовско

Огромен смок со гигантска големина денес бил забележан во Кратовското село Филиповци. Неколку работници при работа на поле во непосредна близина случајно го забележале огромниот влекач и со стапови го отепале.
Изненадени од големината на смокот, го измериле и останале вчудоневидени кога метрото покажало должина од 4,5 метри.
Ова не е единствен случај на гигантски влекачи во Кратово. Пред само неколку дена Тоше Мијалев во дворот на својата викендичка во Кратово отепа змија долга 2 метри.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.