Смртната казна се враќа во Турција?

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изрази подготвеност да ја врати смртната казна во Турција, под услов да се донесе соодветен закон во парламентот.
Турскиот претседател говореше на погребот на една жена и нејзиниот 11-месечен син, во град во централниот округ Сивас. Жената и бебето беа убиени минатата ноќ во експлозија на бомба на патот, поставена најверојатно од страна на курдски борци , јави ДПА.


– Знаете дека сме многу чувствителни по тоа прашање. Ако законот биде усвоен во парламентот, ќе го ратификувам, бидејќи знаеме кој е ставот на убијците за ова прашање. Исто така, знаеме дека мора да платат за злоделата, рече Ердоган.
Турскиот претседател не ја исклучи можноста од одржување референдум за ова прашање.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.