Смртноста од морбили зголемена за 40 отсто во светот поради мал број вакцинирани

Бројот на смртни случаи од мали сипаници во светот минатата година се зголеми за цели 40 отсто, бидејќи за време на пандемијата на коронавирусот, бројот на вакцинирани луѓе драстично се намали – се вели во извештајот објавен од Светската здравствена организација (СЗО) и американскиот Центрите за контрола и превенција на болести.


Оваа многу заразна болест минатата година предизвика епидемии во 37 земји во светот, што е значително зголемување во споредба со епидемиите во 22 земји во 2021 година. Случаите со сипаници, исто така, се зголемија за речиси 20 проценти, бидејќи нивото на вакцинација падна на 15-годишното минимум за време на пандемијата, се вели во извештајот. Девет милиони деца се разболеле минатата година од сипаници, а 136.000 починале, главно во посиромашните земји. Децата со најголем ризик се во земјите во развој во Африка, Југоисточна Азија, Јужна Америка и Индија. Во извештајот се вели дека стапките на имунизација во посиромашните земји сега се околу 66 проценти, „нема закрепнување од падот за време на пандемијата“.

Бројот на пациенти е зголемен во последните години и во некои богати земји. Здравствените власти во Велика Британија во јули предупредија дека постои исклучително висок ризик од појава во Лондон, при што некои области на главниот град известија дека само 40 отсто од децата биле вакцинирани.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.