Смрт поради селфи

Жена во Австралија паднала од карпа откако се обидела да направи селфи. Во моментот на несреќата, 38-годишната Роси Лумба била со сопругот и детето во Националниот парк Грампијанс во австралиската држава Викторија.
Полицијата соопшти дека Роси се прекачила преку безбедносната бариера и ги игнорирала предупредувањата по што паднала од карпа, од висина на повеќе од 80 метри.
Сведоците ја слушнале како вреска, но не можеле да и помогнат. Полицијата го извлече телото по шестчасовна акција.

Локалниот туристички водич Грем Вуд изјави дека ги предупредил патниците на видиковецот само половина час пред падот на несреќната жена, пренесува „Индекс“.
Овој видиковец е популарно место за правење опасни фотографии – бројни слики направени на карпата се наоѓаат на Инстаграм, а некои прават акробации крај работ. По несреќата, властите ја потсетија јавноста да ги почитува безбедносните знаци и упатства, и дека ниту една фотографија не вреди човечки живот.
“Не можеме цела Викторија да ја стегнеме со јаже. Треба да бидеме одговорни”, рече министерката на полицијата Лиза Невил.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.