Смути-пијалакот на Меланија Трамп – го намалува апетитот и желбата за благо

Со оглед на тоа што како млада се занимавала со моделство, сосема разбирливо е да има трикови за одржување на витката линија.
Од кариерата како модел се откажа пред околу 2 децении, но од овој смути пијалак – никогаш.
„Живеам здрав живот, се грижам за својата кожа и своето тело, но со ништо не претерувам,“ е мотото на Меланија.
Кога и да почувствува потреба за благо или нездрав оброк, вели дека од ова смути желбата веднаш ѝ поминува.
Состојки:
Свеж спанаќ
Целер
Морков
Неколку боровинки
Јаболко
Цеден портокал
Цеден лимон
Јогурт со малку масти
Неколку капки маслиново масло
Чиа семки
Витамин Д во капки
Сите состојки ставете ги во блендер додека не добиете еднолична смеса.
Пијте го пијалакот додека е свежо изматен, не правете залихи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.