Снаата на Лепа Брена, пејачката Александра Пријовиќ (24) откако ситуацијата со коронавирусот стана побезбедна, таа замина на село за да ги посети нејзините баба и дедо, а со себе го понела и наследникот Александар.
Александра се пофали на своите следбеници дека и овој викенд убавото време ќе го искористи за да ужива во природата и тоа на село со своите сакани.
Пејачката објави неколку фотографии на Инстаграм, а она што ги изненади многумина е фотографијата од малечкиот Александар, со оглед на тоа дека таа ретко споделува фотки од него.
– Ти си моето сонце – пишувало на „емоџито“ кое Пријовиќ го ставила како опис на фотографијата.
Инаку Александра неодамна се почести со скапоцен автомобил од дури 160.000 евра. Како што пишува српски „Ало“, автомобилот е потполно опремен, а покрај најдобра опрема, поседува и детска заштита за врат.
– На Александра од секогаш и било важно автомобилот кој го вози да биде сигурен и брз, а откако го роди синот Александар, најважно ѝ е да биде безбеден. Поради тоа таа избра ваков модел на автомбил – рекол изворт за српскиот весник.