СНЕГОТ НЕПРЕСТАНАТО ПАЃА: Еве каде попладнево има вистинска зимска идила

Врнежи од слаб снег денеска има на Попова Шапка, во Крушево и на планинскиот превој Буково, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот, соопшти ЈП „Македонијапат“.
Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по наместа влажни коловози. На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
ЈП „Македонијапат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.
Инаку утрово вистинска зимска идила има и во ски центарот Маврово, погледнете.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.