СНЕГ ЌЕ ВРНЕ И ДЕНЕСКА- не очекуваат и многу ниски минусни температури, УХМР најави и каков пресврт не очекува наскоро

Времето во земјава денеска ќе биде облачно со врнежи од снег, пообилни претпладне особено во јужните делови. Снежната покривка насекаде дополнително ќе се зголеми. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -11 до -5, а максималната и утре насекаде ќе се задржи негативна и ќе биде во интервал од -8 до -2 степена.
Во Скопје времето облачно, претпладне и околу пладне со врнежи од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен северозападен ветер. Минималната температура ќе биде околу -8, а максималната ќе достигне -4 степени.
Од понеделник времето ќе биде стабилно и студено. Утринските температури до среда во најголем дел од земјава ќе бидат под -10, а на места и под -15 степени. Дневните температури генерално ќе се задржат под нулата. Во овие денови ќе има опасност од голомразица. Од четврток следува постепено затоплување.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.