Снежана Ѓуришиќ за синот: Мора да си плати за грешките како и сите други луѓе

Започнаа снимањата на новата сезона на „Ѕвездите на Гранд“, а секако во жирито е Снежана Ѓуришиќ која важи за дама која не војува на естрадата.
Во интервју за „Ало“ прозбори за љубовната врска и за синот.
„Некое време не сакаваме заедно да се појавуваме во јавност. Тоа беше наше право, но подоцна сфативме дека не треба да се криеме бидејќи и двајцата сме јавни личности. Мораше да дојде и до тој момент кога ќе не видат заедно. Откако сме заедно немавме никаква криза, одлично се согласуваме, се надевам дека ќе потрае, вели Снежана.


„Марко е мое дете, какво и да е, мое е. Јас можам да кажам се и сешто за моето дете, но ако некој друг каже нешто ќе има работа со мене. Направи многу грешки и сега плаќа за нив, како и сите други луѓе. Мене како мајка ми е тешко, вели пејачката за Ало.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.