Откако во јавноста протече веста дека нејзиниот син Марко Гвозденовиќ бил брутално претепан, пејачката Снежана Ѓуришиќ реши да се обрати до јавноста.
Марко Гвозденовиќ бил претепан во стан во Врачар за време на празниците. Полицијата го привела напаѓачот , а се сомнева дека имал соучесник, по кого сè уште се трага.
Пејачката реши јавно да излезе и отворено да зборува за сè што се случило.
Таа закажа прес-конференција што ќе се одржи во петок, 20 февруари, каде што ќе зборува за сите добри вести, но и за помалку добрите вести од нејзиниот живот.
Снежана Ѓуришиќ ќе зборува за претстојниот солистички концерт, но ќе одговара и на прашања за вестите што денес ги изненадија сите.
Според неофицијални информации, Гвозденовиќ им рекол на истражните органи дека на нападот му претходел повик од сосед. Како што тврди, тој отишол на договореното место мислејќи дека одредени несогласувања со соседот ќе ги реши со разговор. Сепак, наместо дијалог, следеле низа удари.
The post Снежана Ѓуришиќ реши да се обрати до јавноста: Еве што направи откако нејзиниот син беше претепан appeared first on Во Центар.



