Снежна бура во Калифорнија

Во снежната бура што погоди делови од Калифорнија загинаа најмалку петмина. Во планинската област на Сиера Невада падна повеќе од 1,5 метар снег. Како што најавуваат метеоролозите нови снежни врнежи се очекуваат за време на викендот, особено на Карпестите планини и на американскиот Средниот Запад.
Од некои делови на Лос Анџелес и Санта Барбара од вторникот во сила е наредбата за евакуација на населението заради опасност од одрони во подрачјата кои минатата година беа зафатени од пожари.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.