Снежните врнежи го претворија Њујорк во зимска бајка: Снимена е посебна идила во Централ Парк

Обилните снежни врнежи донесоа посебна зимска магија во Њујорк.

Врнежите започнаа во недела, а посебна идила беше забележана во Централ Парк.

Ова се смета и за една од пораните поголеми снежни врнежи во ова време од годината. Последните вакви врнежи беа забележани во 2018 година.

Заедно со снежната идила, многу граѓани шетаа и уживаа во пејзажот. Додека во Централ Парк беа забележани околу 2,8 см снег, во некои области беа забележани поголеми количини од околу 6,6 см снег.

Многу летови беа одложени низ целиот регион, а според BBC Weather, не се очекуваат понатамошни врнежи оваа недела, но температурите ќе останат ниски.

Пронајдете не на следниве мрежи: